Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

Пожарот во кавадречкиот регион попладнево повторно се реактивира и брзо се прошири на тешко пристапен терен, соопштуваат надлежните служби.

Поради сериозноста на состојбата и непристапноста на локацијата, веднаш е активирана воздушна поддршка, па два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) веќе започнаа со дејство и вршат налети за локализирање на пламените јазици.

На терен, заедно со противпожарните екипи, е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја координира акцијата. Се прават максимални напори со поддршка од воздух и копно за да се стави огнот под контрола пред да зафати поголема површина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни