Реакции по формирањето на Косовската војска, мислам дека не е вистинско време, рече Заев

Премиерот Зоран Заев, формирањето на Косовската војска го поврза со можноста за нови тензии на Балканот. Тој истакна дека Балканот нема потреба да се претвора во буре барут, додавајќи дека и НАТО го има истиот став по ова прашање.

Албанските партии со реакции за изјавата на Заев. ДУИ одговори кратко:

Се вчитува...

„Честитки за формирањето на најновата војска на НАТО во регионот“, велат од ДУИ.

Алијанса за Албанците, изјавата на премиерот Заев ја смета за националистичка и злонамерна.

„Овој говор на премиерот Заев за Косовската војска ја доведува во прашање неговата релација со САД, оставајќи простор за сомнеж дека Косово без војска би и одговарало само на Србија и Русија. Затоа, премиерот Заев добро прави ако гледа во својот двор и ако ги прави потребните реформи во Македонија и да не се меша во внтарешната политика на Косово. Алијанса за Албанците бара премиерот Заев што поскоро да ја повлече својата изјава и да честита во име на Владата на Македонија за нејзината војска“, велат од Алијанса за Албанците.

Трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во Војска следи по гласањето на трите нацрт закони. Закон за Министерството за одбрана, закон за Безбедносните сили и законот за служење во Безбедносните сили на Косово.

РЕПОРТЕР: АГРОН ВРАНГАЛА

Извор: ТВ21