Казната на Бобан Илиќ од шест години затвор, пресметувајќи го и времето поминато во притвор за убиството на малиот Алмир, предизвика низа реакции во јавноста. Таткото на Алмир по вчерашната седница рече дека очекувале ваква пресуда и дека судот по втор пат му го убил синот. И политичките партии излегоа со реакции. Вицепремиерот, Бујар Османи, вели дека преквалификацијата на делото беше причината за оставката на министерот Аднан Јашари. Османи го повтори барањето за ветинг во судството и рече дека оставката на Јашари требаше да послужи како пример за институциите.
Со реакција излезе и Алијанса за Албанците, од каде велат дека Основен суд – Куманово и овој пат докажа дека работи надвор од законите на РСМ, закони кои јасно ги регулираат овластувањата на судовите и судиите.
Движење Беса ги осуди селективните судски пресуди. Тие велат дека ова е следниот политички монтиран случај.
Со реакција излезе и Алтернатива на Африм Гаши, од каде велат дека ваквата пресуда е доказ дека земјата не ги исполнува европските стандарди за правда.
4 годишниот Алмир Алиу беше убиен на 25 јуни 2016, како последица на вербална расправа меѓу таткото на Алмир и Бобан Илиќ, кој со својот автомобил удри во малиот Алмир.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ
The post Реакции за пресудата за „Алмир“ – „Зголемен е бројот на политички монтирани случаи, потребен е ветинг во судството“, порачуваат партиите appeared first on ТВ21.