Македонија

Реанимирале девојка удавена во Дојранско езеро без знаци на живот – „Упорни беа и не се откажаа, спасија живот на млада девојка“

На социјалната мрежа Фејсбук се објавуваат статуси со пофални зборови за медицинскиот тим кој бил дежурен на 11-ти август во амбулантата во Дојран.

„Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше удавена без знаци на живот – но тие беа многу многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка исто така од Струмица“, се пишува во објавата на Фејсбук.

Инаку медицинскиот тим кој бил дежурен е од Струмица.

„Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите медицинари“, пишува во остатокот од објавата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни