Речиси 9.000 билети продадени за натпреварот Вардар – Црвена ѕвезда, досега собрани над еден и пол милион денари за настраданите во Кочани

Остануваат помалку од десет дена до пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, што ќе се одигра на 16 април на националната арена „Тодор Проески“. Во Скопје доаѓа некогашниот европски шампион и актуелен првак на Србија, за дуел кој ќе има хуманитарен карактер.

Продажбата на билети започна пред неколку дена, а извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, преку социјалните мрежи информираше дека досега се продадени речиси 9.000 билети.

Со досега продадените билети веќе се собрани над еден и пол милион денари – средства кои ќе бидат донирани за помош на настраданите од големата трагедија што минатиот месец го погоди Кочани.

На 16 април, „Тодор Проески“ треба да биде полн. Не само за да се соберат потребните средства за Кочани, туку и за да им се оддаде признание на двата големи клуба – Црвена ѕвезда, симбол на европските триумфи, и Вардар, македонската фудбалска гордост. Овој меч е повеќе од фудбал – тоа е чин на солидарност, почит и поддршка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното