Без потврда за примена вакцина која штити од голема кашлица од понеделник нема да се згрижуваат деца во градинка . ова известување испратено до родителите, но и стравот од ширење на болеста направи редици пред вакциналните пунктови. Најчесто се имунизираа деца на 3, 4, па и петгодишна возраст што ја пропуштиле ревакцината на 18 месеци.
„Беше болна, сега дојдовме на ревакцинација. Не е сериозно со големата кашлица, но до ова дојдовме поради таканаречените антиваксери -пропуштена е вакцината, сега ќе ја прими“.
„Ја имаме пропуштено вакцината затоа што ни се поклопи со претходната вакцина, а кога беше време за оваа вакцина имаа сипаници. да, оди во градинка, веќе имаше известување во групите во кои комуницираме на вибер“.
утрово за три часа во пунктовите „јане сандански“ и во „букурешт“аплицирани се приближно 100 вакцини . по имнузацијата родителите бараат потврда, меѓу нив има и родители кои досега воопшто не ги однеле децата на вакцинација. педијатрите алармираат дека имунизацијата е единствена мерка за да се спречи епидемија
„Ова се вонредни дечиња, гледате поголеми се од три години и се повеќе од 80 проценти од вкупниот број на деца. според редовниот календар за имунизација, вакцинацијата во претшколска возраст завршува на 18 месеци. имавме и такви кои ни бараа потврди за во градинка од родилиште . 4 или 5-годишни деца кои бараат потврди од родилиште, таков документ не издаваме од причина што тоа дете ниту се води со картон, ниту сме го виделе и прегледале“, изјави д-р Сања Цилевска Младеновска – вакцинален пункт „Букурешт“.
„Најмногу доаѓаат за дифтерија тетанус и пертусис вакцината, односно да ги надоместат пропуштените дози“, изјави д-р Даниела Марковска – вакцинален пункт „Јане сандански“.
Од почетокот на годинава бројот на заболени од голема кашлица достигна 26 случаи, според лекарите бројката е поголема. Се уште нема одлука за прогласување епидемија на територијата на главниот град. Од понеделник вакциналните пунктови продолжуваат да имунизираат во две смени.
Намалениот опфат на имунизација е причината за појавата на големата кашлица . лекарите велат станува збор за сериозна бактериска инфекција која може да предизвика компликации, па дури и смрт, најопасна е за бебињата.
Андријана Ѓурчевска