„МОИ стандарди“ – вака маж од Србија ги насловил своите 10 заповеди за квалитетите и однесувањето на жените кои би можеле да се натпреваруваат за да бидат неговиот потенцијален партнер. Критериумите се такви што предизвикаа голем гнев кај сите што ги читаа. Кога ќе ги прочитате, ќе разберете зошто.
Во моментов има огромна дискусија на X (поранешен Твитер) за скриншот од објава на TikTok од човек кој поставил барања за својата идна девојка (ако некогаш ја најде) за тоа каква треба да биде. Тој бара од неа да биде скромна, искрена, религиозна, но и асоцијална.
Неговите 10 барања за женскиот пол се следните:
– Бог е нејзиниот прв приоритет
– Лојална
– Добар однос со родителите
– Да не пие
– Да не пуши
– Не излегува по клубови
– Срамежлива
– Има цели во животот и се фокусира на нив
– Нема пријатели од машки пол
– Нема лошо минато
nema uslova koji ispunjavam 😭😭😭 pic.twitter.com/LHLFOD0iRk
— kika (@zvalisumecookie) December 9, 2023
Коментарите, се разбира, се разгореа со голема брзина, а корисниците на Твитер не штедеа зборови на критика. Мора да се признае, многумина се обидоа да бидат хумористични. И саркастично. „Тешка болест“, „Кој пациент ја направи оваа листа? За ова треба да се внимава, опасно е за околината“, „Не постои“, пишуваат тие.
