Вирусот кој ги зафаќа белите дробови кај децата и ја полни болницата Козле и детските оддели во болниците низ земјава ќе стивне. Но, од 20 јануари повторно ќе расте бројот на заболени деца.
Во февруари се очекува нов бран, кој би требало да се смири до крајот на месецот, вели епидемиологот Олумчев.Грипот годинава почна порано за разлика од претходните години. Работоспособното население е на удар на сезонскиот грип.
Доктор Олумчев вели, од наредната сезона ќе здивнеме, ковидот ќе стане сезонски вирус, а подзаборавените вируси одложени поради изолацијата, ќе ги прележиме и ќе имаме имунитет.
Наташа Јанчиќ