Од денеска во Лондон се воведуваат мерки за ограничување за користењето на вода.
Тие стапуваат на сила по незапаметените температурни рекорди кои ја принудија власта да објави официјално суша во 8 од 12 области на Велика Британија.
Мерките ќе опфатат речиси 15 милиони жители. На нив им се забранува да ги наводнуваат градините, да полнат мали и големи базени, да ги перат автомобилите и прозорците како и внатрешните дворови.
Ова се случува за прв пат во последните 10 години. Сушата зелените паркови ги претвори во суви површини.
Ако не се почитуваат во континуитет мерките се добива кривична пријава, а за еднократко непочитување само опомена.
Ако оваа зима нема врнежи над средното ниво, рестрикциите за вода ќе продолжат до Нова година.