Ретко кој слушнал за него: Еден е од најскапите зачини, но помага за толку многу проблеми

Кардамом е зачин кој се користи одамна, создава топлина и има сладок но и лут вкус.

Помага за побрзо варење на храната, за освежување на здивот, а по шафранот е најскап зачин на светот.

Мирисот му е опоен и ароматичен, нема горчина на вкус, малку е луткаст.

Супер е за со морско оревче и каранфилче.

Супер е за сосови, месо, пудинг, салати.

Кардамом (лат. Elettaria cardamomum) потекнува од југоисточна Азија, каде што и денес најмногу се одгледува. Најголемите производители на ова растение се Индија, Шри Ланка, Малезија и Папуа Нова Гвинеја. Ово растение било познато во Персија пред 3000 години. Го користеле и старите Грци и Римјани, но не за исхрана, туку за правење на парфеми. Денес најмногу се користи како додаток на ориз, слатки, кафе, ликери, вино и месо. Во Франција и САД се користи неговото етерично масло во производството на парфеми. Исто така служи како додаток за некои видови на сенф или како зачин за кари.

Од витамини содржи витамин Ц, тиамин, рибофлавин, ниацин и витамин Б6. Се употребува во сурова форма, во форма на тинктура, како етерично масло или чај. Помага при лошо варење на храната и го потикнува метаболизмот. Ублажува проблеми со надуеност, метеоризам и зголемување на апетитот, спречува повраќање и гадење. Се смета и за диуретик, ги чисти бубрезите од калиум и уреа, и на тој начин помага во губење на тежината. Може да го намали крвниот притисок и да ги отстрани токсините од телото. Во ајурведската медицина се користи при третман на астма, бидејќи ја поттикнува циркулацијата на крвта во белите дробови. Општо, делува на разни распираторни алергии.

Етерично масло од кардамом се користи во масажа за релаксација на мускулите, ги ублажува симптомите на воспалени нерви, болки во грбот и го намалува стресот. Се смета и дека етеричното масло може да ги намали лошите ефекти на хемотерапијата. Може да се користи и за чистење на устата, односно дезинфекција, а исто така и за свеж здив. Ова масло има антипиретично делување, а последица на тоа е потење – кое може да ја олесни треската, да го поттикне искашлувањето, а ги неутрализира и штетните ефекти на тутунот. Прекумерна доза на кардамом може да предизвика нервоза и проблеми со варењето на храната. Не се препорачува за бремени жени и доилки.