Прекрасни чоколадни плочки со ореви и суво грозје кои се подготвуваат за помалку од 15 минути. Може да се послужат и за свечен десерт со класични мали колачи.
Состојки:
- 150 гр шеќер
- 100 мл млеко
- 20 мл масло
- 80 гр путер
- 8 гр ванилин шеќер
- 4 лажици пченкарен скроб
- 5 лажици брашно
- 1,5 лажици какао во прав
- 50 гр суво грозје
- 50 гр сечкани ореви
Подготовка:
- Во тенџере истурете го шеќерот заедно со млекото, маслото, путерот и ванилиниот шеќер и сè варете, со нежно мешање додека не добиете мазна маса.
- Кога ќе зоврие додадете ги пченкарниот скроб, брашното и какаото.
- Продолжете со готвење и мешање додека целосно не се згусне.
- Во изладената смеса додајте суво грозје и ореви.
- Истурете во тава за печење, претходно обложена со фолија, која исто така ќе го покрие горниот дел.
- Оставете 2 часа во фрижидер да се стегне.
- Кога е доволно тврдо, извадете ја фолијата и исечете ја на парчиња.
