Кујна

РЕЦЕПТ: Домашен тартар сос

Идеален прилог со јадења од риба.

Состојки:

– 200 мл мајонез

– 5-6 кисели краставички (се сече на 4 дела и се сечат на ленти)

– 1 лажица каперси

– 1 лажица ситно изрендан лук

– сол и бибер, по вкус

– 2 лажици сок од лимон

– 1 лажица ситно сечкан свеж магдонос

– 1 кафена лажичка сенф

Подготовка:

Мајонезот, киселите краставички, каперсите, ренданиот лук, солта, биберот, сок од лимон, сечканиот зелен магдонос и сенфот измешајте ги во контејнер (по можност чаша во која ќе го чувате тартарот).

Додадете сол и бибер по вкус. Ако ви се допаѓа покисел вкус, додадете една лажичка кисела течност.

Вака приготвениот тартар сос може да се чува во фрижидер неколку дена.

Пријатно!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни