РЕЦЕПТ: Ќе заборавите на руската салата откако ќе ја пробате оваа со печени пиперки

Руската салата е омилена на сите и тоа е една од причините зошто сите ги чекаат празниците, но кога ќе пробате кремаста салата со печени пиперки, ќе заборавите на се друго.

Како што се приближува нашата слава, секоја домаќинка размислува што ќе послужи. Салатите и мезето се нешто на кое се посветува дополнително внимание. И бидејќи наскоро стапува зимската сезона, печените пиперки се состојка која ги надополнува сите јадења. Оваа салата потсетува на руската, освен што не оди многу зеленчук, туку наместо тоа ставате печени пиперки.

Кремниот прелив од мајонез и павлака ќе ве воодушеви. Послужете го на забава или прослава и гарантираме дека гостите ќе се воодушеват веднаш.

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • 8 печени пиперки
  • 350 гр тврдо сирење
  • 350 гр шунка
  • 100 гр мајонез
  • 1 павлака

Подготовка:

Изрендајте ги јајцата, шунката и сирењето, исчистете ги и исечкајте ги пиперките. Во сад ставете пиперки, сирење, јајца и на крај шунка. Посолете по желба, а потоа ставете мајонез, промешајте, а потоа и киселата павлака.

Измешајте се и оставете да отстои малку!