Бабината торта или бисквитите се омиленото уживање на сите нас. Со многу љубов беа подготвени од нашата мајка и баба по рецепт кој се пренесуваше од колено на колено.
И сега можете лесно да ги подготвите и нив. Потребно е малку време за да ги воодушевите вашите најблиски со овие вкусни закуски!
Состојки:
4 јајца
1 шолја шеќер
2 кесички ванилин шеќер + лажичка екстракт од ванила
250 мл млеко
700 гр брашно
1 рендана кора од лимон
1/2 исцеден лимон
1 и пол шолја масло
1 прашок за пециво
4-5 лажици какао
Подготовка:
Изматете ги сите состојки по редослед како што е напишано и печете во претходно загреан апарат за колачиња. По желба можете да намачкате крем. Ако сакате класични бисквити, само не додавајте какао.
