Рецепт: Овесна каша со урми и ореви

Ви носиме рецепт за здрава и вкусна овесна каша со ореви и урми.

Состојки:

  • 3 лажици овесна каша
  • 1 лажица какао
  • 1 чаша млеко
  • ленено семе
  • мелени ореви
  • урми и пар сечкани ореви
  • мед

Подготовка:

Во тава се вари млекото и се додава овесната каша. Мешајте додека не се згусне, потоа додадете какао, ленено семе и мелените ореви.

Доколку не сакате какао, можете да користите сечкано темно чоколадо.

Потоа додадете сецкани урми, а по желба и пар сечкани ореви и се прелијте со мед.