Вкусна пилешка салата која брзо се подготвува.
Потребно е:
- 1 пиле, сварено и исчистено од кожа и коски или 4 парчиња пилешки гради
- 3 големи компири (сварени и исечкани на коцкички)
- 3 големи моркови (сварени и исечкани на коцкички)
- 6 големи кисели краставички (исечкани на коцкички)
- 2 сварени јајца (исечкани на коцки)
- 250 мл кисела павлака
- 1 тегла мајонез
- 1 лажица сенф
- сол, бибер
Подготовка:
- Пилешкото месо откако ќе се свари и олади, раздвојувајте го на поситни парчиња со раце.
- Во длабок сад ставете го месото и останатите состојки. Ставете мајонез и сенф, зачинете и измешајте.
- Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.
Ако сакате да ја збогатите салатата може да ставите и сварени ситни макарони или тарана. Така пилешката салата ќе добие во густина и секако, ќе биде многу вкусна.
