Јагодите се омилено овошје на многумина, а бидејќи нивната сезона е во полн ек, треба да се искористат максимално. Ова е наједноставниот рецепт за освежителен десерт со ова сочно овошје, а најдобро од се, нема да го запалите шпоретот.
Време е за работа, особено ќе се радуваат најмладите, а ќе бидете сигурни дека јаделе далеку поздрави слатки од купените.
- 350 гр јагоди
- 250 мл млеко
- 400 гр кисела павлака
- 10 g желатин
- 4 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Желето сипете го во млекото, па оставете го да отстои десетина минути. Јагодите добро измијте ги, исчистете ги дршките и пресечете ги на половина. Ако се навистина големи, исечете ги на помали коцки. Ставете ги во подлабок сад, посипете ги со шеќер и исто така оставете ги да отстојат десетина минути. Јагодите прелијте ги со млеко, додадете павлака, ванилиниот шеќер и сè убаво измешајте со миксер. Истурете во стаклени чаши или чинии и оставете во фрижидер да се стегне. Како декорација можете да додадете шлаг, чоколадо или овошје.
