Вкусно, најдобро со јогурт!
Состојки:
2 јајца
2 тиквички (400 гр.)
200 мл млеко
200 грама брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
100 гр свежо сирење
200 гр моцарела сирење
80-100 гр салама по желба
2 млади кромидчиња
40 мл масло
Подготовка:
Подгответе ги сите состојки, намачкајте го садот во кој ќе го готвите со малку масло. Тиквичките се сечат на коцки, кромидот на помали парчиња, саламата исто така, моцарелата на коцки. Јајцата измешајте ги со жица, па додадете го млекото, сирењето, маслото и полека сите останати состојки.
Добро измешајте со лажица, зачинете и истурете во калапот. Се пече во загреана рерна на 200 степени 30-35 минути додека не добие убава кафена боја.
