Првиот вистински рецепт за ова слатко пециво може да се најде кај англиските готвачи од 1803 година!
Не е важно дали ќе ги испржите, ќе ги испечете во рерна, ќе ги наполните со џем и ќе ги прелиете со глазура, крофните секогаш ви носат насмевка на лицето. Ова е здрава верзија од само 3 состојки, а брашното можете да го замените со бадеми.
Состојки:
- 1 банана со средна големина
- 1/2 чаша брашно (додадете повеќе ако е потребно)
- 1 лажичка прашок за пециво
- малку чоколадо
Подготовка:
Испасирајте ја бананата, па додајте брашно и прашок за пециво. Соединете го тестото и развлечете го. Потоа со кружен калап направете кругови и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 ° C околу 20 минути. Потопете во растопеното чоколадо.
