Кујна

Рецепт за таљатели со печурки

Рецепт за таљатели со печурки

Предноста е што не треба да трошите многу време за подготовка.

Состојки:

– 400 гр шампињони

– 360 гр таљатели

– 20 чери домати

– 2 лажици маслиново масло

– 1 чешне лук

– сол по вкус

– бибер по вкус

Подготовка:

Загрејте го маслото со лукот. Додадете добро измиени печурки од порцини и оставете ги да се варат десетина минути, пишува Нови лист.

Додадете сечкани чери домати и варете до крај, посолете го и побиберете го сосот. Ако е малку суво, додадете мала чаша вода!

Во меѓувреме сварете ги таљателите во солена вода.

Земете дел од сосот и измелете го со миксер за стапчиња.

Исцедете ги тестенините и прелијте ги со измешаниот дел од сосот.

Додадете ги преостанатите печурки за украсување на садот…и уживајте!

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни