Најдобри се маските кои можеме сами да ги направиме дома. Сосема се природни и без никакви додатоци кои се наоѓаат во истите кои ги купуваме во маркет.
Сè повеќе дерматолози препорачуваат сами да правиме сè за нега на кожата, а овој совет го усвоија многу познати дами.
Состојките на оваа маска се богати со антиоксиданси, кои се најефективни во борбата против слободните радикали, кои се најголемите непријатели на кожата, кои доведуваат до стареење и создавање на брчки.
Бидејќи ова овошје моментално не е во сезона, можете да купите и замрзнато овошје, да почекате да се одмрзне и потоа да направите маска:
Состојки:
- грст боровинки
- грст малини
- грст капини
Подготовка:
Маската е готова кога ќе се измешаат сите состојки за да се добие хомогена смеса.
Како да се користи:
Нанесете ја маската на исчистеното лице и оставете ја 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.
Се препорачува да се користи 2 пати неделно.
