„Револтирани студенти“ во вторник на протест, „Универзитетите се корумпирани до гуша“

Одѕивот на неколкудневните протести на студентите во Тирана, изгледа дека пристигнува и во Македонија. Во вторник е најавен првиот протест на студентите на плоштадот Илирија, во Тетово. Организирањето се прави преку социјалните мрежи, без конкретни имиња на иницијаторите. Од таму велат дека сите студенти се организатори.

На фејсбук страната „Револтирани студенти“, има 14 барања кон МОН и албанските универзитети во Македонија, за кои велат дека „се корумпирани до гуша“.

Се вчитува...

Некои од барањата на студентите се:

–              Укинување на наплатата на двомесечната пракса од Универзитетот (50 евра); намалување на студентската тарифа за 50% за студентите од странство и укинување на наплатата од 100€ за отпишување од универзитет;

–              Студентите да не се условуваат со купување на книгите за потпис од неколкумина професори;

–              Снабдување и реновирање на салите, лабораториите и друга неопходна опрема;

–              Разрешување на пријавените професори за некое кривично дело во образовните институции;

–              Проверка на академските титули и верифицирање на плагијатите;

–              Не-дескриминиација на жените и  условување на истите за вршење срамни акти во замена за оценка;

–              Да се прекине со назначување на наставници од политичките партии.

Откако на Фејсбук е отворена страната „Револтирани студенти“ и настанот кој повикува за протест во вторник, во 12:30 часот, имаше многу критики и барања од студентите. Најмногу можат да се забележат студентите по медицина. Тие се жалат дека им се негира правото за консултации и дека имаат недостиг од лаборатории.

Професорите (поголемиот дел) не ни даваат право да го видиме испитот иако сме сигурни дека многу сме сработиле. Доколку студентот бара „да го види тестот“ професорите се арогантни и се однесуваат на потценувачки начин, како тие да не грешат никогаш и дека ние „не знаеме“.

На истата страница, бруцошите исто така пишуваат дека има обиди за прекинување на протестот и дека имало обиди  да се затвори страната. Затоа од „Револтирани студенти“ контактирани од ТВ21, ни рекоа дека не сакат да излезат со имиња бидејќи стравуваат дека можат да се соочат со притисоци и уцени.

Тв21 денеска се обиде да контактира со министерот Арбр Адеми, за да го прашаме дали неговото Министерство е подготвено да ги исполни барањата на студентите, но тој не одговори на нашите повици и пораки.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21