Македонија

Револтот не прекинува: Повторно протест, сега е пред СВР Битола!

Револтот не прекинува: Повторно протест, сега е пред СВР Битола!

Состојбата со протестите против измените во Законот за сообраќај и функционирањето на системот „Безбеден град“ дополнително се заострува.

По серијата блокади низ земјава, денеска повторно е одржан протест пред Секторот за внатрешни работи (СВР) во Битола.

Главната причина за овие радикални потези е незадоволството од новите сообраќајни прописи кои овозможуваат побрзо и полесно одземање на возилата при прекршоци.

Демонстрантите сметаат дека овие мерки се репресивни, додека МВР останува на ставот дека законот мора да се почитува за да се подигне нивото на безбедност во сообраќајот.

Надлежните институции веќе најавија дека ваквиот начин на искажување револт се смета за кривично дело и нарушување на јавниот ред и мир, за што ќе следуваат соодветни законски мерки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни