Режимот на Асад расели повеќе од 550 илјади цивили - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Режимот на Асад расели повеќе од 550 илјади цивили

Во Сирија, режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран и Русија, продолжија со нападите во регионот на Идлиб, кршејќи го Договорот за прекин на огнот потпишан на 17 септември 2017 година. Како резултат на тие напади, бројката на цивили кои биле принудени да мигрираат од регионот, достигна до 533.444, јавува Anadolu Agency (AA).

Раселените цивили чекаат да прекинат бомбардирањата и да се вратат во своите домови.

Војниците на режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран и Русија, започнувајќи од 25 април, продолжуваат со интензивните напади врз провинциите Идлиб и Хана.

Голем дел од цивилите кои избегаа од тие интензивни напади се сместија во камповите во областите Атме, Ках, Дејр Хасан и Кефер Лусин кои се наоѓаат на сириската територија, спроти областа Рејханли во градот Хатај.

The post Режимот на Асад расели повеќе од 550 илјади цивили appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com