Рим воведува ограничување на брзината од 30 километри на час во центарот на градот

Од четврток, градот Рим ќе започне со воведување ограничување на брзината од 30 километри на час во централните делови на италијанската престолнина.

Ограничувањето се однесува на зоната со ограничен сообраќај ZTL во историскиот центар и уште 1.000 градски патишта, како дел од напорите за зголемување на безбедноста и намалување на загадувањето.

Болоња воведе ограничување на брзината од 30 км/ч на повеќето од своите патишта пред две години, и покрај противењето на централната влада.

Исто така, властите на овој град тврдат дека го намалиле бројот на несреќи без значително да го зголемат времето на патување, објави ANSA.