Македонија

Ристов: Македонија мора да го искористи вишокот сончева енергија

Ристов: Македонија мора да го искористи вишокот сончева енергија

Македонскиот електроенергетски систем се соочува со нова реалност – во периодите со силно сонце производството од фотоволтаичните централи може значително да ја зголеми понудата на електрична енергија.

Според претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, во интервју за 4ТВ тоа бара промена во начинот на кој се управува системот и се креираат тарифите.

Тој посочува дека моделот во кој електричната енергија е поевтина навечер е создаден во период кога условите на пазарот биле различни.

Денес, пак, во текот на сончевите часови може да има значителни количини евтина електрична енергија од фотоволтаиците.

Поради тоа, според Ристов, треба да се анализира дали дел од евтината тарифа може да се префрли во дневните часови или да се прошири и во одредени периоди од викендот.

„Не можеме пет години да стоиме во место со тарифите, а во системот да ни се случиле нови гигавати и пол енергија“, вели тој.

РКЕ најавува дека евентуалните промени ќе бидат предмет на анализа и јавна дебата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни