Македонија

Родители се јавувале за совет за децата кои им биле во алкохолизирана состојба – вкупно 100 интервенции имала Итната помош

Родители се јавувале за совет за децата кои им биле во алкохолизирана состојба – вкупно 100 интервенции имала Итната помош

Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, велат од Службата за итна помош.

Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирале и за шест сообраќајки.

Родителите кои се се обратиле во Службата за итна помош за деца во алкохолизирана состојба добиле совети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни