Родителите на убиената Емилија од Штип: Ја користеше јадејќи и ги парите во казино, сакаме доживотна затворска казна

Кратко по почетокот на судењето за убиството на 29-годишната Емилија Пешева од Штип, обвининетиот Фадил Зејнелов го призна делото. На прашањето на судечкиот судија Сашко Ѓоргиев дали се чувствува виновен, Зејнелов одговори потврдно и го призна убиството.

Таткото на убиената Емилија во изјава за медиуми вели „убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното“.

-Обвинителство убаво кажа, максималната да биде доживотно сега судот како суд да го прифати тоа. Ние ќе се бориме доживотно да биде осудено лицето, монструмот што ни ја утепа ќерката. Сега рацете се во судот. Убиецот може да се кае, нека му утепаат некој на него па нека се кае. Убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното, изјави таткото на убиената Емилија.

Мајката на убиената Емилија во изјава за медиуми потврди дека Емилија долго време била жртва на семејно насилство.

-Он признава, се кае. Со тоа он мисли да добие од 10 до 15 години, така он си мисли. Поради неверство не е, он се закани дека ќе ја утепа. На сите се закануваше, имаме докази. Ако треба ќе дојдат и сведоци. Имаше плус и друга девојка, ги оставаше другите девојки да ја тепаат. Нека суди судијата, јас сакам доживотно е после јас пак ќе си трчам, пак ќе си тужам. Тие едни со него што просат му беа девојки она ги гледаше и после ја тепаа. Она беше болна од епилепсија и она зимаше нега и детски додаток, школарина, и ги коцкаше сите пари од негата ќе ја истепаше и ние го пријавуваме а никој ништо не превзема. Кога ќе стане ќерка ми од гробот, тогаш нека искочи и тој од затвор, спрема мене така нека го осуди судијата, вели мајката на убиената Емилија од Штип.

Зејнелов на 1 ноември 2024 ја уби Пешева, со која бил во повеќегодишна врска и имаат дете. Зејнелов е обвинет за убиство со умисла додека вршел семејно насилство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното