Ројтерс: Ирска денеска ќе ја признае палестинската држава

Ирската влада ќе ја признае палестинската држава денеска, изјави вчера неименуван добро информиран извор за Ројтерс.

Ирската влада вечерва соопшти дека премиерот и министерот за надворешни работи наутро ќе одржат прес-конференција, но не прецизираа која ќе биде темата.

Членките на ЕУ, Ирска, Шпанија, Словенија и Малта во последните недели најавија дека планираат да ја признаат палестинската држава, наведувајќи дека решението со две држави е од суштинско значење за траен мир во регионот на Блискиот Исток.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното