Легендарните „Ролинг стоунс“ наскоро ќе издадат нов албум, прв после 18 години. Бендот во понеделникот објави дека се подготвува да го објави својот прв албум со оригинален материјал направен изминатите 18 години.
Деталите за новиот проект бендот ќе ги објави на настанот што го нарекоа „Hackney Diamonds“ ќе бидат соопштени во интервјуто кое водителот Џими Фалон ќе го има со Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд. Настанот ќе се одржи во среда во областа Хакни во источен Лондон, и ќе се пренесува во живо на YouTube во Обединетото Кралство во 14:30 часот.
„Хекни можеби е срцето на албумот, но ова е вистински глобален момент и сакавме да го споделиме со фановите преку Јутјуб“, соопшти британската група.
Ова ќе биде првиот албум на „Стоунс“ по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс во 2021, а вкупно 26. студиско издание. Најавено е дека гостин на новиот албум е Пол Макартни, кој свири бас гитара на една песна и дека содржи и снимки направени со Вотс пред неговата смрт.
