На Светскиот ден на Ромите, повеќето од припадниците на ромската етничка заедница во населбата Шуто Оризари воопшто и не размислуваат на празникот. Велат дека немаат време за празнување на 8-ми април, бидејќи и на овој ден – стомакот им е празен. Без услови за живеење, без канализација и вода, а повеќето и без електрична енергија. Вака изледаат деновите на Ромите во Шуто Оризари. Живеат во импровизирани куќи, а пред вратата им поминува канализационата мрежа од која се шири непријатна миризба.
Децата на Неџбедин се возрасни, но вели дека сите се без работа, а единственото со што се занимаваат е собирање пластични шишиња.
Снимките говорат сами за себе. Недостига речиси сѐ. Елвис упати порака до Владата.
Градоначалникот на Шуто Оризари, која е единствена ромска општина во Европа, рече дека работат на модернизирање на општината.
Инаку, Шуто Оризари е единствената општина во Македонија со ромско мнозинство. Од вкупниот број на жители – 17 илјади, според пописот во 2002 година, 13.311 (76,6%) се Роми. Други етнички заедници кои живеат во Шуто Оризари се Албанци со 2.594 или 14,9% и Македонци 962 или 5.5%. Мнозинството Роми, на територијата на оваа населба се доселиле по земјотресот во Скопје 1963 година. Меѓународниот ден на Ромите официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ
The post Ромите од Шуто Оризари се молат да не заврне: „Не размислуваме на празникот, стомакот ни е празен“ appeared first on ТВ21.