Не е тајна дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, има цел да стигне до 1.000 голови во својата кариера. Неверојатниот Португалец моментално настапува за Ал Наср и за репрезентацијата на Португалија, а досега има постигнато 952 голови.
„Ќе биде тешко, секако. Веројатно ќе заплачам, затоа што сум емотивна личност. На мојата иднина почнав да работам уште кога имав 25, 26, 27 години и мислам дека ќе можам да го издржам тој притисок“, изјави Роналдо во емисијата на Пирс Морган „Uncensored“.
Тој се осврна и на состојбата во Манчестер јунајтед:
„Кај нас во Португалија велиме дека чудата се случуваат само во Фатима. Манчестер јунајтед има добри играчи, но некои од нив немаат Манчестер јунајтед во срцето“, рече 40-годишниот Португалец и го пофали тренерот Рубен Аморим.
Крај на кариерата
„Манчестер јунајтед во моментов нема вистинска структура. Се надевам дека тоа ќе се промени сега и во иднина, затоа што потенцијалот на клубот е неверојатен. Тоа е еден од најважните клубови на векот“, додаде Роналдо.
Роналдо повторно разговараше со Морган три години по шокантното интервју, по кое го заврши својот втор ангажман во Манчестер јунајтед. Во 2022 година тој ја критикуваше управата на клубот, тогашниот тренер Ерик тен Хаг и функционерите, што доведе до неговото заминување во Саудиска Арабија.
Роналдо ја започна кариерата во Спортинг Лисабон, а првата „Златна топка“ ја освои во дресот на Манчестер јунајтед. Подоцна настапуваше за Реал Мадрид, со кој освои четири титули во Лигата на шампиони и четири „Златни топки“. Потоа беше член на Јувентус, се врати на Олд Трафорд, а во Ал Наср пристигна во 2022 година.