Роналдо воодушевен од Саудиска Арабија: Жалам што не дојдов порано во Ал Наср

Португалскиот фудбалер и играч на Ал Наср, Кристијано Роналдо, во вторникот изјави дека жали што не дошол порано во саудискиот клуб.

Роналдо на крајот на минатата година се пресели од Манчестер Јунајтед во Ал Наср и досега има постигнато 40 голови. Последен пат беше прецизен на четвртфиналниот натпревар од Купот на Саудиска Арабија против Ал Шабаб.

„Многу сум среќен што ќе играм за Ал Наср и со нетрпение очекувам да продолжам да играм за овој голем клуб. Навистина ми е жал што не дојдов порано, но сега сум тука и ќе се обидам да му помогнам на тимот да постигне успех“, изјави Роналдо.