Радио телевизија Србија (РТС) поднесе кривична пријава против „неидентификувани лица“ за кои се тврди дека се претставувале како студенти во блокада и ги блокирале објектите на РТС во Белград од 14-ти април.
На веб-страницата на РТС се наведува дека е поднесена кривична пријава против оние кои им ги блокираат објектите на улиците Таковска и Абердарева и на Кошутњак, „додека постојано повикуваат и други граѓани да им се придружат“.
Во извештајот се наведува дека од 14 април, новинарите и другите вработени се спречени да влезат – особено во техничките служби, „што резултираше со спречување на емитување телевизиска програма“.
Вработените се изложени на ризик во овие насилни блокади, бидејќи секогаш кога влегуваат во зградата, тоа го прават со полициско обезбедување.
РТС вчера и денеска не емитува програма во живо. Јавниот сервис бара да се откријат сите сторители на овие дела и против нив да се покрене кривична постапка.
РТС побара „итна реакција“ и од претседателот на Европската комисија, еврокомесарот за проширување, претставникот на ОБСЕ во Србија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Србија, ОДХИР.