Рубио: Нападите врз Турција се неприфатливи

Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска разговарал со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, за да ги осуди како „неприфатливи“ нападите врз суверената територија на Турција, откако НАТО собори иранска ракета која влегла во турскиот воздушен простор.

Рубио ветил „целосна поддршка од страна на Соединетите Американски Држави“, соопшти портпаролот на Државниот департмент, Томи Пигот.

Претходно турски функционер изјавил дека ракетата не била насочена кон Турција, туку се тргнала од курсот, а нејзината цел била воена база на Кипар. Инцидентот предизвика остри реакции од Анкара, која го повика иранскиот амбасадор, како и од НАТО, кое го осуди нарушувањето на воздушниот простор на сојузникот.