Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека САД се спротивставуваат на планот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае Палестина како држава.
„САД остро се спротивставуваат на планот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации“, рече Рубио во објава на социјалната мрежа X.
Според него, „таа неодговорна одлука служи само на пропагандата на Хамас и ги уназадува напорите за постигнување мир“.
Рубио: САД остро се спротивставуваат на планот на Франција да ја признае државата Палестина