Ручајте како крал: Пилешко филе со шампињони и зеленчук

Хранлив оброк кој ќе го правите често…

СОСТОЈКИ:
500 гр пилешко месо

1 праз
400 гр шампињони
1 краставица
2 моркови
100 гр зелка

100 гр црвена зелка
50 мл соја сос
масло
кари

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Пилешкото, морковите, празот, краставичките исечкајте ги на стапчиња, а шампињоните на листови, зелката на резанки.
На малку масло пропржете моркови малку да омекнат, додајте праз, краставици и шампињони. Додајте зачини по вкус, сол, бибер, вегета. Динстајте додека зеленчукот и месото не омекнат.
Пред крај во пилешкото со зеленчук и шампињони додајте зелка и продолжете со динстање. Потоа додајте соја сос, кари и сè добро измешајте. Пржете уште 5 минути.

Ручекот е готов.

Како прилог со ова јадење најдобро е да послужите обичен варен ориз.
Добар апетит!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното