РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Мусака со компири и месо!

Потребно е:

500 грама компири;

500 грама мелено месо;

1 кромид;

Сол и црн пипер;

Павлака,

100 мл млеко,

1 јајце.

Подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на прстени. Попржете го месото со кромидот и зачините. Наредете во огноотпорен сад така што прво ќе ставите ред компири, па ред месо, па ред компири. Посипете со мешавина од павлака, млеко и јајца. Се пече во рерна на 200 степени околу половина час.