РЕЦЕПТ: Риба на манастирски начин! (ВИДЕО)

Уживајте во ароматичниот вкус на ослич печен во рерна.

Ви треба:

  • 3 парчиња ослиќ
  • главица лук
  • сончогледово масло
  • свеж магдонос
  • суви зачини: оригано, босилек, сол
  • маслиново масло

Подготовка:

Сувите зачини се мешаат, па рибата се сече на парчиња и убаво се прелива со зачините и се остава да отстои два часа во фрижидер. Потоа рибата се става во плех на хартија за печење и се прелива со масло (лажичка на секое парче). На тавата се става алуминиумска фолија и се пече околу половина час на 200 степени, па се вади фолијата и се пече уште 10 минути.

Потоа во посебен сад ставете многу лук и магдонос, маслиново масло и сол и прелијте ја целата врз жешката риба.

Вратете ја фолијата на рибата и оставете ја да отстои додека не се излади рибата или до следниот ден.