Шефот на Бугарија Румен Радев денеска на „Дондуков“ 2 ќе се сретне со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, кој на покана на бугарскиот претседател ќе престојува во посета на Бугарија, соопштија од прес-службата.
Понатамошното продлабочување на пријателските билатерални односи меѓу Бугарија и Унгарија, теми од агендата на Европската унија и безбедносното опкружување во регионот, се очекува да бидат во фокусот на разговорот.
Бугарскиот претседател и унгарскиот премиер по средбата ќе дадат заеднички изјави за медиумите во салата на грбот на „Дондудков“ 2, пишува БТА.
Претседателот Румен Радев на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, пред една недела ја изрази својата благодарност за поддршката на Унгарија за пристапување на Бугарија во Шенген зоната. На средбата, Радев и честитал на Унгарија за успешното претседавање со Советот на Европската Унија.
На почетокот на ноември, Радев се сретна со Орбан во Будимпешта, пред почетокот на Петтиот самит на Европската политичка заедница.
