Балкан

Румен Радев денеска во Истанбул ќе се сретне со Ердоган

Румен Радев денеска во Истанбул ќе се сретне со Ердоган

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска заминува во посета на Истанбул на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Двајцата претседатели ќе остварат работна средба, соопштија од прес-службата на Претседателството.

Се очекува шефовите на држави да разговараат за повеќе прашања, меѓу кои и соработката на полето на економијата, енергетиката, миграцијата и безбедноста, како и транспортното поврзување меѓу двете земји.

Предвидено е претседателот Радев да ја посети турската компанија за одбранбена индустрија „Бајкар“, по што во палатата Вахдетин е предвидена билатерална средба меѓу шефот на бугарската држава и неговиот турски колега Ердоган. Предвидени се и разговори меѓу бугарската и турската делегација, по што се очекува двајцата шефови на држави да дадат изјави за медиумите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни