Кремљ, откако Русија денеска ги прекина испораките на руски гас за Полска и Бугарија, се закани дека ќе го стори истото и со другите земји кои одбиваат да платат во рубљи.
Потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе прифати плаќање за испорачан гас исклучиво во рубли, како одговор на санкциите воведени за да се казни руската инвазија на Украина.
Европската унија денеска го нарече „уцена“ прекинот на испораката на гас за Полска и Бугарија, на што портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече – не.
Песков не кажа колку земји се согласиле да го платат рускиот гас во рубли, но рече дека Русија вовела ново правило поради санкциите што им ги воведоа „непријателските земји“.
„Како што знаете, санкциите блокираа значителен дел од нашите резерви. Со други зборови, тие се украдени. И затоа не се зборува за уцена“, рече Песков, заканувајќи се дека ќе ја прекине испораката на гас за другите земји кои одбиваат да го плати рускиот гас во рубли.
„Доколку другите земји одбијат да платат според новите правила, тогаш, се разбира, одлуката на претседателот на Руската Федерација ќе биде спроведена“, рече Песков. Според одлуката на Путин, Русија може да ја прекине испораката на гас за сите земји кои одбиваат да платат во рубљи.
