Свет

Русија и се заканува на Америка со „непредвидливи последици“ за испраќање оружје во Украина

Русија и се заканува на Америка со „непредвидливи последици“ за испраќање оружје во Украина

Москва ја предупреди Америка дека може да има „непредвидливи последици“ доколку Вашингтон и неговите сојузници продолжат да испраќаат оружје во Украина. Ова го објави Вашингтон пост, повикувајќи се на руски дипломатски извор во САД.

„Ги повикуваме САД и нивните сојузници да престанат со неодговорната милитаризација на Украина, што подразбира непредвидливи последици за регионалната и меѓународната безбедност“, изјави руски дипломатски извор.Досега, Соединетите Американски Држави испратија или ветија дека ќе испратат 1,7 милијарди долари воена и друга помош за Украина. На почетокот на овој месец, за Украина беа одобрени противтенковски ракети Џавелин во вредност од 100 милиони долари. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни