Свет

Русија изведе воздушен напад во украинско село, загинаа над 20 цивили!

Русија изведе воздушен напад во украинско село, загинаа над 20 цивили!

Руски воздушен напад со бомби усмрти најмалку 21 цивил и повреди уште многу други во руралното украинско село Јарова, во источниот регион Донецк, соопштија украинските власти во вторник.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го опиша воздушниот напад како „директен удар врз луѓето. Обични цивили“, додавајќи дека „таквите руски напади не смеат да останат без соодветен одговор од светот“.

Во видео од местото на нападот, објавено од Зеленски, се гледа страшната последица, со бројни безживотни тела – облечени во цивилна облека – кои лежат на земјата. Некои од луѓето на снимката изгледаат постари, а многумина изгледаат дека претрпеле катастрофални повреди.

Зеленски изјави дека жртвите биле погодени додека се делеа пензиите во селото, кое се наоѓа околу три километри од фронтот. Исплатата на пензиите се врши, меѓу другото, и преку украинската пошта.

Во видеото се гледаат остатоци од комби, кое најверојатно било мобилна филијала на поштенската служба, а во позадина е видливо детско игралиште со две жолти лизгалки.

„Русите нападнаа луѓе додека примаа пензии. Ова не е војна – ова е чист тероризам“, рече раководителот на воената администрација на Донецк, Вадим Филашкин, додавајќи дека спасувачите и медицинските екипи се уште се на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни