Русија прогласи 27 шпански дипломати за персона нон грата, објавија Ројтерс и ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи.
Денеска објави дека го повикала шпанскиот амбасадор во Москва Маркос Гомез Мартинез за да биде информиран за одлуката.
Се вчитува...
Минатиот месец Шпанија соопшти дека кривично гони околу 25 руски дипломати и персонал од амбасадата во Мадрид. Други земји од Европската Унија презедоа слични мерки.
