Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека Русија се обидела да го блокира влезот на Македонија во НАТО.
„Патот на Република Северна Македонија беше многу тежок, но земјата покажа единство и ги уништи плановите на Русија, која се обидуваше да го оневозможи тој важен чекор кон јакнење на безбедноста на Европа. И вратата на НАТО е отворена за 30-та членка“, истакна Порошенко.