Русија соопшти дека постигнала договор за истражување на Венера со НАСА

Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин во интервју во саботата.

„Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера“, рече Рогозин, додавајќи дека заедно полесно ќе го прифатат предизвикот и од економски и од технички аспект.

„Ваквите проблеми полесно се решаваат заедно со користење на талентите на нашите научници“, рече Рогозин, но не кажа кога би можело да биде лансирана мисијата.

Најблискиот планетарен сосед на Земјата, Венера е слична по големина на нашата планета, но нејзината површина е обвиткана со густи облаци, а поради катастрофалниот ефект на стаклена градина на површината е неколку стотици степени Целзиусови.

Русија првично најави мисија на Венера минатата година, со прелиминарни датуми на лансирање помеѓу 2027 и 2029 година. Неодамна, Обединетите Арапски Емирати, исто така, објавија намера да ја истражат планетата.