Русинка го тужи „Мекдоналдс“ – нивниот билборд ја „натерал“ да го прекрши постот

Познатиот ланец на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ доби тужба од една Русинка поради реклама.

Имено, се работи за реклама за чизбургер, поставена на билборд, која ја натерала да го прекрши постот и нејзините верски чувства.

Русинката Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила постот откако била намамена да купи чизбургер, а сега се одлучила да го тужи ланецот на ресторани за кршење на законот за заштита на потрошувачите.

Таа ја обвинува компанијата дека рекламирале месо и животински производи во моментот кога христијаните се воздржувале од конзумирање на истите и бара 1000 рубљи компензација.

Како што се вели во жалбата пред судот во рускиот град Омск, Ксенија постела во текот на 7-неделниот предвелигденски пост.

Во април 2019 година, на средина на постот, таа шетала по улицата Карл Маркс каде наишла на билборд со реклама на „Мекдоналдс“ за чизбургер и „Чикен Мекнагетс“.