Балкан

Руската вакцина стигна во Србија

Руската вакцина веќе пристигна во Србија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ којшто вечерва во интервју за РТС, потврди дека стигнала вакцината.

„Стигнаа 20 дози од руската вакцина, и нашите стручњаци во следните неколку дена ќе прават испитувања“, рече Вучиќ.

Претседателот истакна надеж дека неговата земја нема да биде заобиколена околу вакцината, и дека од „Фајзер“ ќе пристигне кон крајот на годинава, како и 350 илјади вакцини до март 2021 година.

Пред неколку дена Венко Филипче во ТВ21 рече дека очекува вакцината да стигне во Македонија во март, и тоа да биде околу 400 илјади дози.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни