Руски амбасадор во Берлин: Користењето на руски имот за Украина би било кражба

Користењето на блокирани руски средства за финансирање на Украина би било „кражба“ и би имало „значајни последици“, предупреди денес рускиот амбасадор во Берлин, Сергеј Нечаев, пред средбата меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер.

Нечаев рече дека секоја трансакција што вклучува руски имот без согласност на Русија би била кражба.

„И јасно е дека кражбата на руски државни средства ќе има далекусежни последици“, предупреди Нечаев, објави фламанската телевизија VRT.